(ВИДЕО) Влез во црква само со пропусница

Во црквата „Св. Никола, Престон Викторија“, во Мелбурн, во Австралија, ако те нема на списокот, не можеш да влезеш. Ова ново правило ги збуни и верниците, меѓу кои има и Македонци, кога пред црковната врата наидоа на вратар кој со список во рацете ги пушат само оние што резервирале влез. Оние што не знаеле дека треба да направат резервација и ги немало на списокот, мораа да си се вратат назад. „Срамота е ова што го правите, па ова е црква, а не кафеана“, вели еден од оние што снимал со камерата од мобилниот телефон.

Македонците, пак, збунети, велат дека се православни, дека тука во Австралија се цел живот, во црквата поминале и крштевки и венчавки, па срамота е сега да не смеат да влезат во неа зашто не биле на списокот.

И покрај молбите да влезат, вратарот не попуштил, па само оние со црковна резервација можеле да влезат.

Погледнете го видеото

 

Scroll to Top