Водоинсталатер во болница глумел дека е гинеколог

Докторите без сомнение ја вршат една од најважните работи на светот. Кога ќе завршиме во болница, обично очекуваме дека ќе добиеме квалитетна помош од врвни експерти, но во овој случај се случило нешто што досега го имаме видено можеби само во комедиите.

Овој водоинсталатер од Русија успеал да увери преку 100 пациенти дека е доктор. 31-годишниот Антон Јарин стигнал во болница во градот Первоуралск поради разговор за работа за водоинсталатер, но додека чекал, нашол докторски мантил и на луѓето  им тврдел дека е гинеколог, хирург…

Руските медиуми пишувале дека некој од пациентите го пријавил, а на другите вработени им требало неколку дена да сфатат дека нивниот нов колега всушност воопшто не е доктор.

„Добро се снаоѓаше во болницата и ги дознал имињата на многу доктори, беше многу самоуверен. Мислевме дека тој е новиот доктор“, изјавил еден од докторите кои работеле во болницата во Первоуралск.

Полицијата го преземала случајот и сега се обидува да сфати како дошло до тоа еден водоинсталатер без проблеми со денови да глуми доктор. Дознале дека Антон веќе бил во затвор поради кражба.

Scroll to Top