За жени со поголеми гради, поголем попуст на храна во ресторан во Кина

Ресторанот „Тренди шримп“ во кинеската провинција Џецанг на своите гостинки им понуди попуст на храна кој зависи од бројот на нивниот градник, што меѓу локалното население беше оценето како вулгарно и дискриминирачки. Лоциран во главниот трговски центар во градот Ханџу, ресторанот своето ново правило го истакна на плакат на влезот во објектот.

На плакатот се објаснува висината на попустот на цените во зависност од големината на градите, кој се движи од пет отсто за жените со најмал број градници, па до 65 проценти за гостинките со најголеми гради.

Постерот е повлечен по само неколку дена поради реакции во јавноста, соопшти менаџерот на ресторанот, Лен Шенгенг.

Scroll to Top