BREAKING NEWS
Search

Почнува „Скопје Креатива 2015″

Од утре до 20 септември на Спортско-рекреативниот центар „Плаја Виста“ ќе се одржува четвртиот Фестивал за креативни индустрии „Скопје Креатива 2015“. Организатор на фестивалот е Конгресниот центар „Александар Македонски“.

Ова на денешната прес-конференција го најавија секретарот на Град Скопје Марјанчо Тодоровски, раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје Тања Балаќ и програмскиот директор на фестивалот Лазе Трипков.

– „Скопје Креатива“ полека гради позиција на проект кој е од особено значаење за младите македонски креативци, преку кој им се нуди одлична можност за промоција, што е едно од главните приоритети за организаторите. Проширувањето на програмата со учесници и проекти од странство на фестивалот му дава меѓународен карактер, што е исто така цел на која и посветуваме големо внимание, истакна Балаќ.

Тодоровски нагласи дека годинава Град Скопје од својот буџет издвои три милиони денари за реализација на фестивалот кој, како што рече, за четири дена ќе понуди околу 60 настани со домашни и меѓународни гости и учесници.

Програмскиот директор Лазе Трипков истакна дека ова ќе биде поинакво доживување од другите слични проекти и додаде дека со годинашниов фестивал и неговото мото „Скопје – мојот град!“ нашиот град се става на мапата на ваквите креативни фестивали.

– Пред нас се 60 активности од сите креативни сектори подеднакво, уникатни изложби, презентации, работилници, проекции, перформанси и одлична музичка програма. Исто така, ќе организираме креативни работилници за најмладите, средношколците и за сите други креативци коишто сакаат да учествуват на фестивалот, појасни Трпков.

На отворањето ќе се презентираат 10 изложби, ќе има дружење со гостите и учесниците, а свој настап ќе имаат „ПМЏ колектив“ и диџеј „Зоки бејбе“

loading...