Ако го навредите претседателот ќе си платите 600 евра казна

Од 70 до 110 евра казна ќе треба да плати лице кое по некаков основ ќе предизвика дискриминација предвидуваат новите измени во Законот за спречување дискриминација и заштита кои аналитичарите ги оценуваат како смешни споредбено со казните за навреда на претседател кои достигнуваат и до 600 евра, пренесува 24 Вести.


Од 70 до 110 евра казна ќе треба да плати лице кое по некаков основ ќе предизвика дискриминација предвидуваат новите измени во Законот за спречување дискриминација и заштита кои аналитичарите ги оценуваат како смешни споредбено со казните за навреда на претседател кои достигнуваат и до 600 евра.

Велат законите кои треба да ги штитат човековите права и слободи пропишуваат ниски казни наспроти оние кои треба да ги штитат политичарите и јавните личности.

И дел од граѓаните сметаат дека казните кои ги плаќаат се превисоки наспроти оние кои ги штитат нивните права.

Казните за дискриминација во останатите земји од регионот се многу повисоки велат познавачите на проблематиката и многу повеќе се работи на развојот на свеста за дискриминација. Објаснуваат дека иако дискриминацијата е кривично дело сепак на овој начин и со овие казни во земјава се овозможува само прекршочно казнување кое е многу ниско.