BREAKING NEWS
Search

(ВИДЕО) Илјадници Албанци на протест пред Собрание, бараат рамноправност со Македонците

Илјадници Албанци излегоа напротестот организиран од ветераните на УЧК, невладини организации и партиите НДП и Движење за реформи на ДПА.

Демонстрантите извикуваа „ВМРО криминалци“, „ајдуци“, „убијци“, „УЧК“, а колоната ја предводеше демонстрант врзан со синџири.

Тие носат огромно албанско знаме и транспаренти на кои пишува „Монструм“, „Албанијо каде си, Илирида ти гори“.

Нивните барања се рамноправност со Македонците и според Уставот и законите.

Полицијата го има затворено речиси секој влез во Градскиот Трговски Центар, како и семафорите кај Триумфалната капија и кај Градската болница.

Еден од организаторите на денешниот протест, Зијадин Села, нема дадено поддршка и не се приклучи на протестите од граѓаните во Скопје организирани од „Протестирам“.

loading...