(ВИДЕО) ПОЧИНА СПАНАЌОТ

Христо Ѓоргиевски – Спанаќот беше познат по своите донкихотски битки за авторски права (тврдеше дека евровизиската ‘Рок ми бејби’ е негова песна), скрибоманснтвото (афоризми и сл), особениот начин на живот а највеќе по неговите кандидатури на сите можни избори во земјава, предвремени или редовни, локални или парламентарни. Еднаш вети дека ако стане претседател на Македонија, во земјава ќе го донесе Елвис.

Пред некое време ја беше запалил куќата во која живееше па беше однесен во Демир Хисар на подолг престој од каде што излезе неодамна, сосема доволно да ја најави кандидатурата и на следните избори.

Кога и да бидат тие, Спанаќот за првпат нема да биде дел од понудата.

Бил закопан на Буковските гробишта а на неговото последно испраќање присуствувале само неколкумина битолчани, пишува Битолски весник.

Извор: Офнет