(ВИДЕО) Ременски поднесе 13 кривични пријави против Спасов и разрешените директори

Министерката за труд и социјала, Фросина Ременски денеска поднела 13 кривични пријави до Основното јавно обвинителство во Скопје, Берово , Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш , Ресен, Струмица и Берово, за незаконско постапување на разрешените вд. директори.

Како што тврди Ременски, долнителнит заменик министер Диме Спасов, неовластено ги задолжил 12 директори да постапуваат и во рок од 24 часа да се пријават на досегашните работни места.

Освен за разрешените директори, едната кривична пријава е токму за Спасов. Ременски вели дека дел од овие дејствија се нашле и полициските билтени со што се докажува дека разрешените директори по наредба на Спасов, постапиле спротивно на законот .

Ременски доставила иницијатива до Советот на судии, за утврдување одговорност на судии од Управен суд кои доделија времени времени мерки за враќање на директорите на нивните работни места. Ременски уште еднаш повтори дека Управниот суд постапувал спротивно на Законот бидејќи донесувал одлуки кои не се во негова надлежност.

Надлежни за работните односи и оценување акти на министерот, менување и разрешување се ДИК и Основниот суд. Министерката најави дека ќе ги искористи сите правни можности, а времената мерка на Управниот суд ја обжали до Вишиот Управен суд.

Ременски го повика Спасов следниот пат кога ќе зборува јавно да каже колкави долгови оставил зад себе, и му порача не мисли дека со „лажното душегрижништво“ ќе избега од одговорност.

Извор/Видео: Нова.мк