(ВИДЕО) Шекеринска во 10 минути: Избори без опозиција водат до подлабока криза

Ја прифативме методологијата на ДИК со цел да покажеме кој бега од фер и демократски избори, вели во вечерашното издание на емисијата „10 Минути“ на ТВ21потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Сега ние ја поставивме ВМРО ДПМНЕ, вели Шеќеринска во позиција да мора да признае дека не сакаат никакви медиумски реформи.

„Се покажа дека ВМРО ДПМНЕ сè ќе даде, ама контролата врз медиумите и медиумскиот мрак не се теми од кои што сака да се откаже. Денеска Македонија во делот на медиумски слободи се наоѓа помеѓу Таџикистан и Мали, на 117 место, осумдесет места подолу од пред неколку години. Ние сметаме дека таму не ни е местото.“, изјави Шеќеринска.

Медиумскиот мрак во Македонија, како што вели Шекеринска, е резулатат на врските помеѓу бизнисот, телевизиите и политичарите, а сето тоа според неа, се плаќа со парите на граѓаните. „На 24 април не можеме да имаме фер и демократски избори“, вели Шеќеринска.