Граѓани на општина Центар: По долги години, ние сме свои на своето

Пред новогодишните празници, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, додели решенија за легализација или за утврдување на правен статус на бесправен објект.

До сега,  2.900 граѓани на општина Центар го решија своето станбено прашање. Од мај 2013 година до денес,  со доаѓањето на новото општинско раководство, легализирани се 2176 објекти, а од март 2011 до мај 2013 година, вкупно 726“, соопштуваат од Општина Центар.

ghdjsk (1)

„Овој податок не го кажуваме за да се пофалиме, туку да покажеме дека сме максимално посветени на оваа работа. Тука не завршува нашата соработка. Вратите на општината за Вас се секогаш отворени. Слободно дојдете за се што Вам ви треба, а што ние треба да го сработиме. Ние сме тука за вас“, рече Жерновски,  посакувајќи им убави празници и здравје и среќа во новата 2016 година.

Граѓаните,  среќни и задоволни, велат: „По долги години,  ние сме свои на своето. Ова ни е најубавата новогодишна честитка и подарок“.

ghdjsk (2)

До 31 март 2016 граѓаните кои го испуштиле рокот во 2011 година можат да поднесат барања за легализација.

loading...