Колку Балканците си ги сакаат химната и знамето на своите земји? – Колку Македонците плачат по СФРЈ?

Поради распадот на поранешна СФРЈ, најмногу жалат жителите на Србија и БиХ, покажа книгата „Стратегија на симболичната изградба на нациите во државите во југоисточна Европа“, настаната како резултат на проектот на истражувања на јавното мислење кое го спроведе Ipsos.

Според тоа истражување дури 71% од жителите на Србија жалат за распадот на Југославија. Во Босна и Херцеговина тој процент е 68, во Црна Гора 63, а во Македонија 45.

За распадот на поранешната заедничка држава најмалку жалат Хрватите, 18%, а уште помалку жителите на Косово.

Истражувањето, како што пренесува сараевскиот портал Кликс, опфаќа 10.500 жители од регионот, без Словенија, и даде низа на показатели за ставовите на луѓето во југоисточна Европа за нивната приврзаност на новонастанатата држава, односно кон религијта, националните симболи, минато, односите со другите народи и прашањето за вината за минатите војни.

Истражувањето покажало дека српската химна ја сакаат 80% од Србите, а државното знаме 93% од Србите.

Хрватската државна химна ја сакаат 97% од Хрватите, а 96% пак знамето. Во БиХ, државната химна во просек ја сакаат 44% од тамошните жители, а знамето дури 60%.

Истражувањето кое се однесува на ставовите за војната во деведесетите години од минатиот век, но и државните граници покажа длабока поделеност меѓу Србија, Хрватска и БиХ. Резултатите се сведуваат на тоа да нигде на просторите на некогашна СФРЈ нација не е така силно формирана како во Хрватска.

Проеткот чии резултати неодамна се обработени и објавени во истоимената книга почна во 2011 година, во Норвешка. Го иницирал и организирал PPl Koleste од универзитетот во Осло, а го финансирал Норвешкиот истражувачки совет.