Од денеска нов студен бран – Пресврт со времето

Времето  во Македонија ќе биде претежно облачно. Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекува слаб локален дожд повеќе во јужните и во југоисточните делови од земјава, а на планините слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од пет до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со утринска температура до минус еден, а дневната ќе достигне до осум степени.
Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во петок претпладне.