Отворен ден во Центарот за обука на пилоти

Центарот за обука на пилоти во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска ќе биде отворен за посетители, потенцијални кандидати за идни воени пилоти.
Во рамки на отворениот ден, најавено е обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски. Воедно ќе биде одржана и мала свеченост по повод доделување сертификати за завршена обука за воени пилоти.
Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат условите за школување во Центарот и да се информираат за се она што ги интересира во однос на професијата пилот.