СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не го злоупотребува случајот со Тодоров

Граѓаните ги препознаваат лажните информации и политички злоупотреби од ВМРО- ДПМНЕ и тие не се решение за напластените проблеми во државата, исто како што не се решение ни инциденти како тој врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, што СДСМ остро го осуди.

„Очекуваме целосно расветлување на случајот во интерес на правдата и вистината. Секој кој сторил протвзаконско дело, мора да се соочи со правдата.

Повикуваме, раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое што цела деценија владееше со насилство, закани, уцени да престане да ги вознемирува граѓаните со конструкции, да поттикнува омраза, насилства и нетрпеливост и да се издигне во одговорна опозициска партија“, се вели во соопштението од СДСМ.