СДСМ: Заев и Ахмети зборуваа за принципите на соработка, реформската Влада и ЕУ

Денеска се одржа средба помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Теми на средбата беа принципите на соработка, реформската Влада и ЕУ и НАТО интеграциите, известуваат од СДСМ.

„Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства“, стои во соопштението од СДСМ.