Скоро 70% од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор

69 отсто од граѓаните во Македонија не може да си приуштат да одат барем еднаш годишно на одмор или на некакво патување, а 68 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат во кино или театар. Ова го покажуваат последните резултати од анализата на Институтот за економски истражувања „Фајнанс тинк“.

Во Анализата пишува дека за 78 отсто од населението во Македонија, платата или пензијата е основен извор на пари. Останатите преживуваат со помош на родителите, сопружниците, роднини од странство или од државата. Според ова истражување само една третина од населението успева да ги задоволи сите потреби и да заштеди дел од својот доход, 42,1 отсто успеваат да ги задоволат само потребите за храна и сметки, а 28,1 отсто не успеваат ниту тоа.

Повеќе на Макфакс

(Извор/Макфакс)