Студентите ја прекинаа блокадата на Ректоратот

Студентскиот пленум и младинската организација „Мугра“ денеска ја прекинаа блокадата на Ректоратот на УКИМ и бараат ректорот Велимир Стојковски да се изјасни до четврток за изградбата на новите барокни факултети. Ректорот Велимир Стојковски е во Русија.

Студентите побараа да се свика итна седница на Сенатот на УКИМ, за да образложат зошто е неизводливо зградите на ФИНКИ и на ФФК, да се градат на УКУМ.

Тие се свесни дека нивните колеги имаат потреба од достоинствени услови за студирање, но сметаат дека доколку новите згради се подигнат на првично предвидените локации, кај бараките на Електрофакултетот, Факултетот за физичка култура и Гази Баба, би било подобро решение.