Тодоров донел одлука Груевски да користи две државни возила

Поранешниот заменик претседател на Владата, Никола Тодоров неколку часа пред изборот на новата реформска влада на СДСМ донел одлука екс премерот Никола Груевски да користи две службени возила „Волксваген Пасат 3Ц“.

Одлуката во Службен весник е објавена ден потоа, односно на први јуни, денот кога со работа почна новата Влада.

Оваа одлука на Тодоров не важи за екс премиерот Емил Димитриев ниту пак за некој друг поранешен премиер, туку е наведено м-р Никола Груевски. Со оваа одлука, Груевски ќе ги користи двата пасати со силина на мотори од 140 киловати, произведени во 2015 година.

Повеќе на А1Он

(Извор/А1Он)