„Трансмет“ на Сеад Кочан доби нов тендер од ЕЛЕМ, иако е со блокирана сметка

„Трансмет“ на Сеад Кочан се офајди со уште еден тендер од државната ЕЛЕМ. Над 9 милиони денари тежи новиот договор за користење на повеќетонската автодигалка ќе работи во РЕК Битола. За државни електани, ЕЛЕМ, нема ништо спорно што во моментов целиот имот и смтките на фирмата се замрзнати од судот. Објаснуваат дека јавната набавка била спроведена лани, а оценета на почетокот од годинава, пред СЈО да отвори истрага преку која го сомничи Кочан дека ги измамил токму државни електрни. „Трансмет“ со новиот договор една година ќе работи во РЕК. Останува нејасно како ЕЛЕМ ќе и плати на фирмата на Кочан кога сметките се замрзанти, пишува Алсат-М.

„Сите економски оператори имаат еднаков третман, впрочем, како што децидно е предвидено во законската регулатива. Како договорен орган, АД ЕЛЕМ, има обврска во целост да го почитува законот за јавни набавки и компанијата при спроведување на секоја постапка исклучиво се води според законската регулатива, избира економски оператори кои ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација и имаат најповолни понуди“ – соопштија од ЕЛЕМ

СЈО е без коментар за последниот тендер кој го доби „Трансмет“ од ЕЛЕМ. Информираа дека ја обжалиле одлуката на Кривичниот суд кој пресече дека Сеад Кочан нема да оди во притвор. Судот во 48 часа треба да донесе одлука по жалбата. Инаку, Катица Јанева го сомничи сопственикот на „Трансмет“ дека со лажни документи формирал конзорциум заедно со „Силекс Неметали“ и „Вато“ и добил тендер од 17 милиони евра. Иако документацијата била лажна, Комисијата за набавки во ЕЛЕМ дала зелено светло, рече Фатиме Фетаи кога ја објави истрагата.

„Од сето ова произлегува основано сомнение дека тројцата осомничени со нивните дејствија за Конзорциумот оствариле имотна корист од поголеми размери, во вкупен износ од 1.000.000.000,00 денари. Дополнително, имајќи предвид дека на основ на овој договор, склучен на база на невистинита документација е склучен и анекс на износ од 60.000.000,00.“ – Фатиме Фетаи, СЈО

Според јавно достапните доскументи на бирото за јавни набавки, лани „Трансмет“ од државата добила тендери во вредност од речиси 5,5 милиони евра. Најтешкиот тендер е за реконструкција на обиколницата по поплавите лани во август од над 2,5 милиони евра. Град Скопје за санација на фасади лани на фирмата на Кочан им платил на 1,5 милиони евра. Во 2016 – тата, „Трансмет“ градел дел од системот за водоснабдување во ТИРЗ Прилеп за повеќе од еден милион евра. Сеад Кочан според неговите адвокати е со сериозно нарушено здравје. Тоа е една од причините зошто судот не прифати притвор за него. За Кочан да не оди во затворот во Шутка претходно се погрижи кумот на Трајко Вељаноски, шефот на Врховен, Јово Вангеловски. Состави совет кој ја поништи одлуката на пониските судови и го спаси Кочан од притвор.