(ФОТО) Лифтот во реновираниот дел на студентскиот дом „Гоце Делчев“ згмечи рака на студентка

Студентка завршила со скршена рака поради нефункционалноста на лифтот во реновираниот дел на студентскиот дом „Гоце Делчев“, со кој власта се фалеше минатата година.

Според информациите до кои дојде А1он, инцидентот се случил кога раката на студентката се заглавила во просторот помеѓу лифтот и надворешната врата, простор кој што треба да биде заштитен со безбедносна врата, но таа во студентскиот дом не работи. Студентката била хоспитализирана и се здобила со скршеница на раката.

12939620_10209029223678034_669514009_n

– За овој инцидент е известен и управникот на реновираниот блок , по што лифтот останува вон употреба. Очигледно, негрижата на претпоставните доведе до ситуација кога треба да настрада некој од студентите за да преземат соодветни чекори. Сепак ова не е последен и единствен проблем во студенските домови во Македонија. Сведоци сме на грозоморни слики од инсекти кои се шетаат во порциите во мензите, глувци во студентските бањи и нефункционални и несигурни лифтови, велат за А1он студентите.

12939719_10209029223638033_1863040291_n

Тие додаваат дека иако функционерите се фалат со своите реформи, тие студентските домови ги посетуваат единствено за политички поени, а всушност, не се грижат за студентите и условите во кои тие живеат.

А1он побара одговор и од управникот на домот, но денеска не можеше да стапи во контакт со него.

 

Извор А1он