Хорор трета смена за вработен од Скопје

Околу 05 часот и 10 минути во Скопје, во продавница на улицата „Орце Николов“ две непознати маскирани лица извршиле разбојништво во обид.

Сторителите влегле и му се заканиле на вработениот дека ако не им ги даде парите од касата ќе го истепаат. Откако вработениот одбил да им ги даде парите и им пружил отпор, физички го нападнале ударајки го по главата и телото, по што избегале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.