ЧЕТВРТОК Промоција на книгата „Метафизички сино“ од Филип Клетников

Поетската книга „Метафизички сино“ од Филип Клетников вечер ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар, кино „Фросина“.
За ова поетско остварување филозофот и критичар Ферид Мухиќ нагласува дека станува збор за книжевен настан од прв ранг.
– „Метафизички сино“ е вистински поетски едикт за животот и смртта, кој во себе ги компримира и на поетски начин ги пренесува сознанијата од огромната материја на филозофските, религиските и на книжевните тематизации на клучниот бином животот/смртта посредуван со централната метафора влезот/излезот, пишува Мухиќ.
„Метафизички сино“ е трета поетска книга на Филип Клетников, кој, покрај поезија, пишува и објавува и раскази и есеи, а активен е и како проучувач и преведувач/препејувач на средновековната книжевност и мисла.