Шекеринска и Вељаноски се расправаа кој колку бил присутен на седниците

Пратеничката и заменик-претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска, повторно истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го спречува трансферот на власта.

– Откако е независна Македонија, имала 1001 проблем, но никогаш една партија не го блокирала Собранието и не го кршела толку многу Уставот, рече Шекеринска.

Вељаноски ја обвини дека таа дошла после паузата, а претходно ја немало три дена и сега им држела лекции на сите.

– Ја злоупотребувате функцијата. За држење лекции кои колку е присутен извадете ја јавно присутноста на пратениците, па да видиме како Никола Груевски, кој вели дека државата е загрозена, седи само по 15 минути во Собранието. Погледнете во сопствениот дом. СДСМ е тука, само не ја помагаме оваа пародија од седница, рече Шекеринска.