1945 – Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија

1945 – Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.

Кономлади е село во Егејскиот дел на Македонија, Костурско.

Селото е на 25 километри северно од Костур, во областа Корешта и на 10 километри североисточно од Габреш, во котлина меѓу Вич и нејзините падини Виновданец, Лисец, Рунџел, Полената и Кукул. Во селото минуваат Големата и Малата река, кои се сливаат во центарот. Три километри долгото село има три маала – Горна, Средна и Долна маала. На пет километри на север е село Статица, а на пет на југ – Поздивишта.

Според месна легенда селото е основано од тројца браќа, кој бегале од турците во месноста Цер. Покасно селото се преместува на денешното место. Во 15 век во Кономлат се одбележани 139 глави на домаќинства. Во 1897 година е изградена црквата „Свети Атанас“. Во крајот на 19 век во Кономлади е отворено егзархиско училиште. Во него во учебната 1883 – 1884 година предава Константин Дамјанов.

Во 1903 година селото страда за време на Илинденското востание, било неколку пати наѓано од турски аскер и ограбено, а жителите Јане Темелков и Стојан Иванов се убиени. Кономладчани учествуваат во востанието, од нив загинуваат Васил Китев, Мељо Гелев, Доне Карамфилов, Васил Трајков, Стојан Мељов, Ставро Донев, Лазо Гелев и Димитар Котев.

Во селото од 1905 година функционира и грчко училиште.

Во првите денови на април 1908 година власта го претресува селото, со тензии и насилство.

За време на Балканските војни 6 луѓе од Кономлади се доброволци во Македоно-одринското ополчение.

Во 1928 година во селото има 18 Грци од Турција или според други извори 2 семејства со 11 души.

За време на Грчката граѓанска војна селото страда – 69 души се убиени, 607 кономладци се исселуваат во социјалистичките земји, а 219 деца од Кономлади се изведени од селото како деца бегалци. По војната започнува масовна емиграција во Австралија, САД и Канада.

Пописи:
1913 – 1202 души
1920 – 1031 души
1928 – 802 души
1940 – 946 души
1951 – 438 души
1961 – 444 души
1971 – 341 души
1981 – 300 души
1991 – 244 души

Родени во Кономлади:
Атанас Панчаров (1882 – ?), македоно-одрински ополченец, Костурска соединета чета.
Божидар Митрев (1900 – 1932), деец на ВМРО (обединета).
Васил Котев (? – 1903), револуционер, војвода на ВМОРО.
Димитар А. Љасков (Ласков, 1890 – ?), македоно-одрински ополченец, 2 чета на 10 прилепска дружина, зборна партизанска чета на МОО, во грчки раце до 4 март 1914 година, носител на крст „За храброст“.
Доне Попов, деец на ВМОРО, војвода на селската чета од Кономлади.
Иван Трпчев (1867 – ?), македоно-одрински ополченец, 1 чета на 6 охридска дружина, носител на орден „За храброст“ ІІІ степен.
Манол Кочов (1883 – ?), револуционер, деец на ВМОРО.
Митре Влаот (1873 – 1907), револуционер, војвода на ВМОРО.
Никола (Коле) Пандов, деец на ВМОРО, војвода на чета за време на Илинденското востание, дел од одредот на Михаил Розов.
Павел Анастасов, македоно-одрински ополченец, 1 чета на 8 костурска дружина.
Дедо Ставри Ласков (ок. 1843 – 3 септември 1903), револуционер од ВМОРО.
Сотир Котев, свештеник и револуционер, деец на ВМОРО, загинат.
Сотир Толев (1881 – 1955), револуционер.
Стојчо Панајотов, македоно-одрински ополченец, зборна партизанска чета на МОО.
Стојан Христов (1898 – 1996), новинар и писател.
Христо Цветков (1877 – 1934), револуционер, војвода на ВМОРО, македоно-одрински ополченец, војвода на партизанска чета, Нестроева чета на 13 кукушка дружина, зборна партизанска чета на МОО, во грчки раце до 4 март 1914 година.