Потврдена смртта на четири лица во Тетовско, едно девојче исчезнато

Х.Ф. (83) и А.М. (14) од Шипковица, А.И. (7) од Тетово и Р.А. (15) од Шипковица се четирите жртви од вчерашното силно невреме во Тетовско, потврди утрово Секторот за внатрешни работи.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.

– Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски.

Во Тетово се оштетени четири возила од паѓање гранки, дрва, предмети,… Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.

Како што информира полицијата, и Вратничкиот мост меѓугорно Орашје и Нераште е однесен.