СДСМ го прекинува бојкотот: Пратениците се враќаат во Собранието

Пратениците на СДСМ на први идниот месец ќе го прекинат парламентарниот бојкот и ќе влезат во собраниската сала.

Ова го соопшти претседателот на опозицијата, Зоран Заев наведувајќи дека тоа е со цел да биде усвоен законот за специјалниот обвинител.

„Овој закон е клучен во целиот процес, бидејќи од неговата содржина и надлежност ќе зависи и кандидатот што ќе биде избран на оваа позиција“, вели Заев.

Враќањето на СДСМ во Собранието е дел од договорот што лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи го постигнаа со посредство на меѓународната заедница.