СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ претера со навредите кон граѓаните

 

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие нервозата во врвот на партијата па во речиси секое второ соопштение продолжува да ги навредува граѓаните.

Што мисли ВМРО-ДПМНЕ за своите граѓани ако во своите сооштенија наведува дека живеат во басни? Зарем ВМРО-ДПМНЕ ги споредува граѓаните со животни?

До каде ќе оди оваа партија со навредите кон граѓаните не знаеме бидејќи се покажа дека оваа партија нема елементарно културно, политичко и човечко достоинство но едно е факт, ВМРО-ДПМНЕ претера со навредите.Без идеи и без резултати ВМРО-ДПМНЕ не можат да им понудат на граѓаните ништо друго.Виртуелните проекти, виртуелните инвестриции, виртуелните вработувања, не поминуваат. Никола Груевски им одзема 10 години живот и граѓаните велат доста е.Виртуелните инвестиции на Никола Груевски носат нула работни места!

Во слободната зона во Ранковце којашто Груевски ветуваше 5600 нови работни места денеска нема ништо освен изорана ливада и неколку незавршени објекти.Пред само неколку дена 1.000 рудари останаа без работа, со што се зголеми бројот на невработени.

Ја нема ниту Мадерсон Груп, најавена инвестиција од 12 милиони евра, за којашто се удри камен темелник во 2011.Француската Монтипе за производство на автоделови, вредна 150 милиони евра, ја нема.Израелската Газит Глоуб којашто требаше да инвестира над 300 милиони евра во трговски центри и други објекти исто така никогаш не се реализираше.Ги нема ниту Хаиер и Тривју, Еуро Италија, Искра Словенија, турската Шишеџам, Биротекник Отомотив, Орланди Италија…Тоа се само дел од виртуелните инвестиции на Никола Груевски коишто никогаш не се релизираа.Затоа бадијала уредникот Никола Груевски пишува бајки. Во негвите бајки веќе никој не верува.

Збогум Никола!