1.600 евра за чевли на тркала

Француската модна куќа Saint Laurent произведе чевли на висока потпетица со тркала и пласираше неколку модели на пазарот. Несекојдневните штикли се дело на дизајнерот со белгиско-италијанско потекло Ентони Вакарело и ги има во неколку модели. Покрај тоа што се крајно необични, овие штикли се продаваат по цена од 1.600 евра.

Scroll to Top