30 милиони долари е најскапиот фустан во светот

Малезискиот дизајнер Фаизали Абдула пред осум години и покрај големата економска криза во светот, реши да го дизајнира најлуксузниот фустан, кој го нарече Nightingale of Kuala Lumpur. Фустанот чини 30 милиони долари, изработен е од шифон и сатен и на него има 751 дијамант, сите од по 70 карати.

„Акциите паѓаат, вредноста на златото опаѓа, но дијамантите се вечни. Ова е фустан со дијаманти. Зошто да се враќаме назад? Зошто да не одиме напред?, изјави дизајнерот.

Компанијата „Стило“ е задолжена за продажба на најскапите фустани во светот, а менаџерот Ненси Јео истакнува дека оваа креација е вистинско уметничко дело и има доволно богати луѓе што би сакале да ја купат.

Scroll to Top