Џенифер Лопез 20 години носи „ист“ фустан

На актерката и пејачка Џенифер Лопез сè ѝ прилега. Таа повеќе од 20 години воодушевува на црвениот килим, а речиси секогаш е облечена во парчиња од најдобрите светски дизајнери. Дури и она што на другите жени изгледа обично, на Џенифер ѝ прилега совршено.

Причината за ова е што Лопез научила како да ги истакне деловите од телото кои треба да ја покажат нејзината фигура, градите и колковите. Таа постојано носи фустани кои ја потенцираат нејзината линија, а фустаните, иако се различни, сепак наликуваат еден на друг по кројот, па стилистите велат „Џенифер како да носи еден ист фустан 20 години“.

Scroll to Top