Доза гламур на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Во Битола вчера почна 38. Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Настан што секогаш привлекува внимание, меѓу другото, и поради модата и креациите на гостите на црвениот тепих во Центарот за култура. Голем број уметници, политичари и гости ги покажаа своите модни комбинации избрани за фестивалот.

На црвениот тепих продефилираа разни модни креации, од фустани, до панталони, здолништа со шлиц, деколтеа, класични комбинации.

Мажите, пак, носеа класични или модерни палта, комбинирани со и без вратоврски. И во целиот тој гламур имаше и едноставни, па и кежуал-модни комбинации.

Scroll to Top