Фустан од кадифе во мода оваа зима

Актуелната сезона есен-зима е во знакот на романтичните и елегантни фустани од кадифе. Уште лани светските модни куќи го наметнаа ова парче во своите колекции, а и годинава е повторно вистински тренд. Овој тип фустани може да биде во различни кроеви и должини, од фустан што ја следи линијата на телото, до асиметрични кроеви, макси фустани на прерамки или фустани со шлиц. Кадифениот фустан оди во комбинација со високи чизми или оние до глужд, а одозгора капут или кратка кожена јакна.

Scroll to Top