Какви чизми ќе се носат оваа есен

Есента е на прагот, а со тоа и новата модна сезона. Овој пат во центарот на вниманието се новите чизми, кои ќе бидат вистински хит оваа есен и зима.

Најзборувани во моментов се чизмите на Ив Сен Лорен кои ги дизајнираше Антони Вачарело, а потсетуваат на диско ерата од ‘80те. Овие чизми особено им се допаѓаат на носталгичарите. Модели слични на овие веќе имаат и Шанел, Марко де Винбченцо и Лоев.

Дизајнерите истакнуваат дека црните чизми не треба да се застапени оваа сезона. Наместо нив, треба да преовладува боја во гардеробата.

Интересни чизми над колена во боја и со различни дезени претставија и Баленсиага, Нина Ричи, Гучи и Балмаин. И сите чинат колку неколкумесечни плати.

 

Scroll to Top