Кокев ги облече мажите

Модната дизајнерка Тања Кокев ја претстави својата нова ready-to-wear колекција есен-зима 2017/18. Ревијата се одржа во хотелот „Александар Палас“, во атмосфера која ги врати посетителите во седумдесеттите. Овој пат колекцијата на Кокев вклучи неколку модели од високата мода, но за првпат и машки модели.

„Се навратив на модата и на идејата на седумдесеттите, кога начинот на облекување рефлектираше став во изразувањето, индивидуалност базирана на природен изглед и различност. Навистина се залагам за различност и во изгледот и во комбинациите, за излегувањето од матрицата во која сите изгледаат исто. Затоа оваа колекција е послободна, со комбинации од разни материјали и форми. Повторно ги користам дизајнерските материјали препознатливи за мене за да го одржам квалитетот. Во колекцијата вметнав исклучиво црни и сребрени вечерни тоалети, како контраст на шаренилото на другата колекција, а првпат изработивме и машки модели. Тоа е чекор кој сè уште го правам срамежливо, но се надевам дека може да прерасне во нешто поголемо,“ вели Тања Кокев.

Scroll to Top