(ВИДЕО) Манекен бездомник: Денски сликал за Вог навечер спиел на кров од зграда

Работата во модната индустрија асоцира на гламурозни забави, модни недели, скапа облека и раскошен живот во светските метрополи. Но, изгледа дека ништо не е така како што изгледа!

Марк Реј (56) е манекен, актер и фотограф кој редовоно присуствува на модната недела во Њујорк, а во исто време е и бездомник. Како што изјавил во медиумите, веќе шест години спие на кров од зграда во Менхетен, а соработува со едни од најголемите имиња во модната и филмска индустрија.

Кога останал без покрив над главата, тој веќе зад себе имал кариера како модел, актер и фотограф. Во дваесеттите години живеел во заеднички станови со манекенки во разни светски метрополи и работел како модел за познати модни куќи, како што се Версаче и Москино. Во тој период заработувал околу 10. 000 долари годишно, а за сликањето за потребите на францускиот „Вог“ заработил само 60 долари. Реј исто така се појавува и во првата сезона на култната серија „Сексот и градот“. Тогаш живеел како подстанар во Њујорк, но морал да се отсели поради рушење на зградата.

Прв пат ноќ на отворено поминал на Француската ривиера планирајќи да ги слика познатите луѓе кои ќе летуваат во тоа место, но откако не успеал да заработи од  продажбата на овие фотографии се вратил дома. Но, поради високата кирија, тој решава да се смести на покривот во зградата каде што живеел негов пријател во Менхетен.

Интересен факт е дека, додека тој не им признал на своите најблиски пријатели никој не знаел за неговиот проблем, па дури ни пријателот кој живеел во зградата каде што тој преноќувал. Водел сметка да не биде забележан од станарите, ги користел јавните тоалети и се туширал во фитнес клубовите.

Во 2010 година Марк повторно се поврзува со своите стари пријатели, меѓу кои е и режисерот Томас Виртенсон, кој решил да сними филм врз основа на неговото искуство. Премиерата на филмот со наслов „Homme Less“ е закажана за 7-ми август во Њујорк.