Модна ревија за 70 години Диор

Со ревијата на која беа претставени новите модни дезени, модната куќа Кристијан Диор го означи почетокот на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на брендот. За таа цел, модната креатора  Марија Грација Кјури инспирацијата за колекцијата ја пронајде од патувањата и светските патници.

Еден дел од креациите, веројатно, потсетуваат на серијата „Патот за Авонли“, чие дејство се одвиваше во 1920 година, потоа естетика што се содржи и во инспирацијата на Кјури, но уште повеќе стилот на доцните 1940-ти и раните 1950-ти, кога на модната сцена владее „Новиот изглед“ на „Диор“. Затоа во креациите присутна е А-формата. Долги капути и фустани од волна беа претставени за следната есен, а речиси кај сите креации присутни се ременот, тулот и шифонот.

Се забележува исклучителната рачна изработка, везовите и рачно сликаните ткаенини, што прават креациите да изгледаат како мали уметнички дела. Уште нешто привлече внимание во оваа колекција на „Диор“, а тоа е изборот на модни додатоци.

Scroll to Top