По 17 години, Кристофер Бејли го напушта „Барбери“

Кристофер Бејли го напушта „Барбери“. Веста дека дизајнерот што 17 години ја водеше креативата на брендот и му даде нов живот, сега си заминува од него, одекна како бомба во модниот свет. Официјалното, тој заминува во март в година.

„Од 2001 година досега ‘Барбери’ помина низ неверојатни трансформации, а Кристофер беше клучната личност во тој процес, која му донесе успех на брендот. Имаме јасна визија за следното поглавје на брендот, со кое ќе ги забрзаме растот на продажбата и успехот. Возбуден сум за можноста со која се соочуваат нашите тимови, партнери и акционери“, вели Марко Гобети, извршниот директор на модната куќа, во соопштението за јавност.

Бејли потврдува дека работењето во британската модна куќа било задоволство.

„Беше привилегија 17 години да се биде дел од ‘Барбери’ и да се работи и учи од неверојатна група луѓе. Со возбуда ги чекам новите креативни проекти, но се радувам на идниот успех на ‘Барбери’“.

Во јуни минатата година се појавија шпекулации за лошата состојба на куќата, како и тоа дека Бејли ја губи контролата над брендот.

Scroll to Top