Штипјани учат за мода и дизајн

Триесет ученици од основните и средните училишта беа дел од Летната школа за мода и дизајн во Штип. Менторот на летната школа, Сања Ристевски од Технолошко-техничкиот факултет, и нејзнините двајца студенти, ги учеа децата изминатите денови да цртаат, моделираат и изработуваат текстилни производи.

„Нивните надјобри цртежи се презентирани овде во нивното уметничко катче, кои и самите го нарекоа дестан дизајн“, вели Ристевски.

Таа забележа дека овие летни школи се добри бидејќи на децата од најмала возраст им ги откриваат нивните таленти. Смета дека младите што се талентирани за мода и дизајн имаат одлична можност за едукација во Штип бидејќи има и средно текстилно училиште, факултет, но и производствени капацитети од областа на текстилството, кои им нудат и вработување.

Scroll to Top