„Стоп на трговијата со луѓе“, е пораката на Модниот викенд – Скопје

На 22 октомври во хотелот „Мериот“ започнува Модниот викенд – Скопје и ќе трае до 25 октомври кога е и затворањето во иновативниот центар на „Македонски телеком“ . Ова е шеснаесетто издание на Модниот викенд во Скопје кога модните ревии го доближуваат градот до модните трендови и тенденции. Дизајнерите ќе ги прикажат своите есенски изданија на своите колекции. Како секоја сезона, така и оваа Модниот викенд – Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања, која овој пат е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket поведена од британската организација STOP THE TRAFFIK. На Модниот викенд – Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

„Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигнеме свеста облеката што ја носиме да не е сработена од луѓе што се експлоатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд: Купувајте помалку, но изберете внимателно“, велат организаторите на Модниот викенд Скопје. Генерален покровител и официјална водач на настанот е „Пелистерка“.

 

Scroll to Top