(ВИДЕО) Исповед на манекенка – „Како ги засакав своите брчки“

Сара Гурц има 26 години, и е манекенка, и покрај фактот дека како десетгодишно девојче и било поставена дијагноза Elers – Danlos синдром.

Овој синдром поразбира пореметување во формирањето на сврзаното ткиво, кое настанува поради неможноста да телата произведат колаген. Поради тоа, кожата на Сара остарела пред време.

„Секоја несовршеност која ја имате, и која е својствена само за вас, говори за приказната за вас и она што вие сте“, вели Сара.

Таа признава дека со години се борела со несигурноста, и дека своето тело, такво какво што е го има прифатено пред неколку години. Сега се надева дека низ кариерата која ја гради во светот на модата ќе успее да ги охрабри и дргите луѓе кои го имаат истото пореметување да го прифатат своето тело.

„Би сакала да кажам дека групата за поддршка е фантастична работа. Секој од нас е прекрасен и може да ги оствари своите сништа, без оглед на се“, порачува Сара.

Scroll to Top