Во мода се сензуални усни

Повеќето девојки преферираат течни и сјајни кармини, но оваа есен во мода се мат-кармините. За вашите усни да изгледаат раскошно и сензуално, потребно е постојано да ги хидрирате. Предноста на мат-кармините е што се подолготрајни од сјајните.

„Комбинацијата од сјаен врз мат-кармин дава дополнителен волумен на усните“, велат од „Авон“ за новите кармини „марк“.

Не плашете се да експериментирате со боите за да постигнете сензуален ефект на усните, сметаат висажистите.

Понекогаш нијансата што никогаш не би се осмелиле да ја ставите може да изгледа одлично на вас. Ако преферирате сјајни кармини, одберете темни, смели бои, а ако вашиот избор е мат-кармин, одлучете се за неутрални нијанси.

Scroll to Top