Анита Мицова: „Музиката е скапо хоби и љубов“

Поп-пејачката Анита Мицова, пред крајот на годината го промовира шестиот видеозапис. Станува збор за песната „Рај“ дел од албумот „Ти сум јас“. Спотот во режија на Јован Куциновски е снимен во струшкото село Белица. Песната е со љубовна тематика е поврзан со животот на Мицова и раскажува за зимска семејна идила преточена во рајска приказна.

„Сакам сите емоции да ги преточам во музика и да ги визуелизирам со спот. Сите имаме своја животна приказна и секогаш компнееме по нешта кои за нас ќе бидат рајски, па затоа песната се вика „Рај“. Мојот рај е моето семејство“, вели Мицова.

Аните се занимава со музика повеќе од 10 години и вели дека сето тоа го прави за своја душа и го гледа како скапо хоби од кое во Македонија не очекува заработка.

„Иако песната и спотот се ‘зимски’, очекувам да биде слушана и гледана во сите сезони“, додава пејачката.

Scroll to Top