Елена Ристеска како Шер

Поп-пејачката Елена Ристеска по подолго време имаше настап во живо со својот бенд. Таа пееше во клубот „Паладиум“ во Струмица, каде што ги отпеа своите најголеми хитови.

„Струмица, благодарам за вчерашната забава… Ми се наполни срцето. По подолго време настапувам во дискотека, ме вративте назад низ времето“, напиша Елена покрај фотографиите што ги објави.

Освен што песните беа по ќеф на публиката, Елена им направи мерак и со својот изглед. Нејзиниот стил многумина веднаш го споредија со Шер – долга црна коса, впечатлива шминка, високи црни чизми и тесни жешки панталончиња со светки, па доби комплименти дека изгледа многу секси.

Освен изгледот на Елена, вниманието го привлече и нејзиниот микрофон. Елена толку многу го приближувала до устата, што тој за кратко време станал розов од нејзиниот кармин.

Scroll to Top