(ФОТО)Елена со чорапчињата од пред 15 години

Поп-пејачката Елена Ристеска пред неколку дена прослави 15 години јубилеј откако е на музичката сцена.

Елена реши да ги потсети своите фанови како изгледала кога почнала да пее, па објави и фотографија.

„Девојчето со чорапчињата“, вели поп-пејачката.

Во 2002 година М2 продукцијата на Дарко Димитров и Иво Јанковски организираа музички натпревар „Плеј потрага по ѕвезди“. Тогаш се појави и Елена Ристеска, која со специфичниот глас ги освои публиката и жирито и стана ѕвездата на М2 продукција. Интересен беше и нејзиниот стајлинг, црвените чорапи по кои остана и запаметена.

По овој настап, нејзината кариера тргна нагоре. Елена и денес соработува со Димитров и Јанковски, а зад себе има многу настапи, настап на Евровизија со најдобар пласман, концерти, албуми, песни.

 

 

 

 

Scroll to Top