Кај нас дома секој ден е „Боливуд“

Поп-пејачката Јана Бурческа пред 5 месеци ја роди ќерката Дона. Иако сè уште учи за тоа како е да се биде мајка, за „Репортер“ вели дека засега се снаоѓа одлично во новата улога.

„Дона е едноставно и мирно бебе. Со неа се знае: ако плаче или е гладна, или ѝ се спие, или треба да ѝ се смени пелена“, раскажува Јана.

Таа вели дека Дона е во фаза кога постојано бара Јана и нејзиниот сопруг Александар да ја анимираат и да ѝ обрнуваат големо внимание.

„Станува нервозна ако не сме ѝ пред очи. Затоа кај нас дома секојдневно се случува по некое ‘Боливуд’ шоу или некоја оперска претстава“, ни рече Јана.

Според Јана, Дона е ‘спанка’, па ноќе спие и по осум часа.

„Вчера првпат заспа додека Аце ѝ свиреше на гитара. Беше многу спокојна додека го слушаше“, раскажа Јана за „Репортер“.

А. Јовановска

Scroll to Top