Наоми Кембел доjде во Белград на јапонско исцртување на веѓи

 

Манекенката Наоми Кембел пристигна во Белград, каде што ќе присуствува на забава организирана по повод размена на искуства во техника на исцртување на веѓите. Станува збор за јапонската метода на исртување веѓи, каде лани гостинка беше светската џетсетерка Парис Хилтон.

Наоми поставила  одредени услови кога добила покана од да дојде во Србија.

“Преговорите со тимот на Наоми не траеа долго, бидејќи организаторите на настанот во Белград се заинтересирани за тоа да биде специјален гостин. Тоа е причината зошто и беа исплатени 250 илјади евра за неколку часа присуството на овој собир на експерти кои се занимаваат со јапонски методи на цртање на веѓите. На Наоми и е обезбедено сместување во хотел во Нов Белград, како и лет, но исто така и цел тим на фризери, стилисти и шминка кои ќе бидат достапни додека престојува во Србија “, вели еден извор и додава:

“Наоми немаше никакви посебни барања, освен испраќање сопствено мени со храната на која и се придржува. Таа не нагласи што ќе јаде, само храната да била од листата што ја доставила до организаторите, и оние до вработените во хотелот. Таа, исто така, побарала посебен вид флаширана вода, но бидејќи не била на српскиот пазар, организаторите се обиделе да ја внесат. ”

Scroll to Top