(Видео) Две нови песни на Сара Мејс

Пејачката Сара Мејс денеска објави две нови песни: „Излези од кутија“ и „Сè е прекрасно“. Преку песните таа сака да даде оригинална и автентична слика на општеството на уникатен начин.

Во „Сè е прекрасно“ Сара ја придружува Климент Тодоровски со соло изведба на виолина. Тој е концерт-мајстор во Македонска опера и балет. Во „Сè е прекрасно“ Филип Димишковски свири на пијано, Дејан Митровиќ на контрабас, Неврус Бајрам и Иван Петровски – гитари, Александар Ванчовски на тапани, Виктор Филиповски на перкусии, а Калина Велковска и Теа Богатинова се придружни вокали.

„Излези од кутија“ ја изработи со истиот овој тим кој воедно беше дел од проектот Floating through space with Sarah Mace. Овие две песни се дел од самиот албум.

Scroll to Top