(Видео) Марко Логаут има нова песна

Марко Милановиќ, познат како – Марко Логаут има нова песна, „Ми амор“. Песната е шпанско-македонска, а Марко ја пее заедно со Перуанецот Валентино Де Васко. За песната е снимен и спот, а во него се појавува балерината Татјана Кипровска.

„Би сакал сите да уживаат во овој лесен и необичен дует. Ова е само уште еден чекор кој мене лично ми е поттик да продолжам да творам нова музика. Очекувајте нови песни во иднина“, вели Марко.

Текстот за песната е на Марко и Валентино, музиката е на Марко, а аранжманот е на Рубин Димкоски. Режисер на спотот е Никола Китановски.

Scroll to Top