40 години од првиот албум на „Леб и сол“

Балканските „Пинк Флојд“, така ги нарекуваа легендарните „Леб и сол“. Култната „Леб и сол“ е  формирана на 1 јануари 1976 година, чии основачи се Влатко Стефановски и Бодан Арсовски, кои заедно со Кокан Димушевски и Димитар Чочоровски почнале да ја испишуваат современата квалитетна македонска музичка историја.

Под продуцентската палка на Јосип Бочек, некогашниот гитарист на групата Корни, во студиото на РТВ Нови Сад, септември 1977, Леб и сол го снимиле своето самонасловено деби-издание „Леб и сол“. На плочата во џез-рок стил се нашле девет песни, од кои дури шест биле инструменталки.

За време на 20-годишната кариера „Леб и сол“ издале вкупно 10 студиски албуми, 4 албуми во живо, како и двојна компилација со нивните најголеми хитови, а креирале музика и за различни намени, односно филмски и театарски претстави, како и ТВ серии.

Непосредно по основањето на групата им се приклучува и тапанарот Гаро Тавитјан. Првиот деби-албум, насловен како името на самиот бенд, е во рок-џез стил и брои вкупно 9 песни, од кои дури 6 се инструментални.

Во одредени куси периоди на постоењето на „Леб и сол“ во групата учествувале и Мики Петковски, а подоцна и Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, како и Драгољуб Ѓуричиќ.

Факт кој веројатно им е познат на малкумина е дека во нивниот најамбициозен проект, албумот „Као какао“, издаден во 1987 година, учествувал и Кирил Џајковски како клавијатурист, а како гости се појавиле и Ана Костовска и Беби Дол.

Сепак, најоригиналната постава на „Леб и сол“ е добро познатиот квартет – Влатко, Бодан, Гаро и Кокан.

Групата го имала својот проштален концерт на 13 декември 1995 година, во клубот „Милос“ во Солун, Грција, по што престанала со заедничко творење и настапување.

Во мај 2006 година членовите на „Леб и сол“ го најавија реоформувањето со турнеја од неколку концерти низ Македонија, по што беше издаден дискот насловен Live in Macedonia.

 

Scroll to Top