Адријан Гаџа: Лажен профил шири лаги за голема Албанија

 

 

Објавата на Јанко Илковски од „Јади бурек“ на неговиот портал дека пејачот Адријан Гаџа шири меѓуетничка омраза во која наводно вели дека го поддржува референдумот во Каталонија и неговата споредба со она што наводно допрва треба да следува во Македонија, асоцирајќи на отцепување на нејзина територија од западниот дел и присоединување кон таканаречената голема Албанија, стана предмет на дискусија на социјалните мрежи. На ова реагира поп-пејачот Гаџа, кој вели дека тоа не е вистина и дека лажен профил на „Твитер“ во негово име шири невистини и меѓуетничка омраза.

„Ова е лажен профил на ‘Твитер’, кој цело време шири меѓуетничка омраза“, вели Адријан Гаџа. Лажниот профил во негово име ширеше невистини од оние што ја заговараат таканаречената голема Албанија поттикнувајќи меѓуетничко нетрпение помеѓу Македонците и Албанците во Република Македонија.

 

 

Scroll to Top